Политика на приватност

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика наприватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците иинформации што Monaorganic ги собира од нив.  Со   пристапот   или   со   користењето   на   оваа   електронска продавница,   корисникот потврдува   дека   ги   прочитал,   разбрал   и   дека   се   согласува   со   сите услови   на   Политиката   за   приватност   и   со   начините   на   користење   на електронската продавница.  Доколку   корисникот   не  се согласува  со  овие  услови,  го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа електронска.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Кога   корисникот   ќе   пристапи   и   ќе   се   вклучи   кон   оваа  електронска продавница,   од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави   некој   податок   што   е   задолжителен   за   одредена   активност,нема да може да ја користи оваа електронска продавница. Со   самото   прифаќање  се   смета   дека   корисникот слободно   и   изречно   се   согласува   со   обработката   на   неговите   лични податоци.   Кога   корисникот   ќе пристапи,   MonaOrganic и/или неговите овластени даватели на услуги може автоматски   да   ги   собираат   неговите   лични   податоци,   со   помош   на достапните електронски алатки. 

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

MonaOrganic ќе   ги   обработува   и   чува   Вашите   лични податоци   собрани   преку   електронската продавница во   согласност   со   Законот   зазаштита   на   лични   податоци   и   со   останатите   важечки   прописи   во   РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.   Податоците   и   информациите   што   го   идентификуваат   корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИТЕ

MonaOrganic презема мерки на претпазливост за да ги заштити   личните   податоци   на   корисниците   во   согласност   со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски   мерки   за   заштита   од   случајно   или   незаконско уништување   на   личните   податоци,   или   нивно   случајно   губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било   незаконски   облици   на   обработка   во   согласност   со   Законот   за заштита на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните   податоци   и   сите   негови   промени   се   евидентира   и   чува   восогласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата   за   заштита   на   личните   податоци.   За   да   се   обезбеди сигурност   на   личните   податоци   на   корисникот,   истите   се   чуваат   на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап,   при   што   се   врши   енкриптирање   на   одредени   чувствителни податоци и информации. Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет   или   која   било   безжична   мрежа   не   може   да   биде   целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки   за   заштита   на   личните   податоци,   не   може   да   се   гарантира апсолутна   заштита   на   која   било   информација   пренесена   на   или   од нашата електронска продавница.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со   објавување   на   изменетиот   текст   на   Политиката   за   приватност   на оваа електронска продавница. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила   веднаш   по   нивното   објавување. На   секој   корисник   паѓа одговорноста  периодично  да ја прегледа  Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата електронска продавница од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност. Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личнитеподатоци, Ве молиме да ни испрати електронска порака на адресата зазаштита на личните податоци info@monaorganic.com.