Блог

Шеа зрното содржи приближно 50% путер. Доминантна масна киселина во триглицеридите е олеинската киселина, што е необично за растителен путер и затоа има помека структура, пропратена со стеаринската киселина 38%.

Зошто го користиме шеа путерот во нашата козметика ?

*длабински ја навлажнува и регенерира кожата па затоа се користи и за третман на стрии и лузни

*го поттикнува создавањето на колаген

*најдобар избор за сува, иритирана и кожа склона кон алергии

*ги ублажува симптомите на воспалена кожа и ја враќа нарушената функција на липидната бариера

*ин витро и ин виво лабораториските испитувања користејќи тритерпен ацетати и тритерпен цинамати изолирани од шеа путерот покажале одлични  антивоспалителни и антитумор резултати

содржи витамин Е, феноли , терпеноиди и масни киселини